Познати

ФОТО+ВИДЕО: Дилета Леота објави сцени од свадбата, се е како од бајките

Русокосата водителка и фудбалерот на Њукасл ја организираа церемонијата во Вулкан во регионот Еол, а во присуство на повеќе од 160 гости разменија завети.

ФОТО+ВИДЕО: Дилета Леота објави сцени од свадбата, се е како од бајките

Најпознатата спортска новинарка на светот, Италијанката Дилета Леота (32) пред неколку дена се омажи за фудбалерот Лорис Кариус (31). Убавата Дилета најпрвин на својот Инстаграм профил сподели фотографии од раскошната венчавка, а сега своите повеќемилионски следбеници ги почести со ретроспективно видео од истата.

„Засекогаш“, напиша Леота во описот на видеото, во кое обожавателите можат да ја видат во свечена венчаница и придружувана од нејзиниот татко како се приближува до импровизираниот олтар, кажувајќи го судбоносното „да“ пред присутните заедно со нејзиниот сакан.

Дилета и Лорис потоа исечеа огромна торта, а крајот е зачинет со страсни бакнежи додека во позадина експлодира огномет.

Русокосата водителка и фудбалерот на Њукасл ја организираа церемонијата во Вулкан во регионот Еол, а во присуство на повеќе од 160 гости разменија завети. Невестата во текот на вечерта сменила две венчаници. Долга и свечена тантела за самата церемонија, додека подоцна се пресоблече во полесен, мини свилен фустан. На Кариус му одговараше облечена бела јакна, црни панталони и црна машна.

To top