Познати

ФОТО: Роналдо ја прослави титулата со Георгина, прегрнати позираа со пехарот во раце

ФОТО: Роналдо ја прослави титулата со Георгина, прегрнати позираа со пехарот во раце

Кристијано Роналдо го прослави синоќешниот триумф и освојувањето на Лигата на нации во друштво на својата партнерка Георгина Родригез, а заедно позираа со пехарот.

Фотографијата ја споделија Кристијано и Георгина, а покрај онаа на која се прегрнуваат и го држат пехарот, таа додаде и уште неколку снимки кои ги бележат деталите од самото гледање на финалето на Лигата на нации.

„Шампиони! Честитки тим“, напиша Георгина со фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)


Заедно со своите деца, Родригез го следеше финалето на Лигата на нации, кое се играше во Минхен, а за таа пригода избра прилично предизвикувачка облека – позираше во црвен корсет со црвена долна облека видлива под него.

Португалија ја победи Шпанија синоќа по драмата на пенали. Резултатот по 120 минути игра беше 2:2, а тие ги победија по изведување на пенали со резултат од 5:3.

Во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо, кој не можеше да го гледа изведувањето на пенали од клупата, а кога Португалија победи, тој падна на земја и заплака од среќа.

Иако освои сè што може да се освои, изливот на емоции на Роналдо е само потврда за тоа колку го сака фудбалот и покрај тоа што е кон крајот на својата кариера.

To top