Георгина Родригез беше една од гостинките на приватната проекција на филмот „Меланија“ во Белата куќа, а таа ги покажа своите фотографии на социјалните мрежи и ѝ се заблагодари на Меланија Трамп.
Првата дама Меланија Трамп беше домаќин на приватна проекција во Белата куќа на нов филм што го документира нејзиниот живот во 20-те дена пред втората инаугурација на претседателот Доналд Трамп.
Родригез беше меѓу многуте познати гости откако присуствуваше на гала вечера за саудискиот принц Мохамед бин Салман во Белата куќа во ноември 2025 година со партнерот Кристијано Роналдо.
View this post on Instagram
Колку сум среќна што можев да присуствувам на премиерата. Искуството беше импресивно колку што беше и инспиративно, напиша Родригез во објавата на социјалните мрежи во која сподели и ница фотографии.
„Честитки до Меланија за филмот, за работата во позадина и за неговото оживување со такво присуство и чувствителност“, ѝ рече таа на првата дама на САД.
На оваа приватна проекција присуствуваа речиси 70 луѓе од сите сфери на животот, вклучувајќи ги Мајк Тајсон и кралицата Ранија од Јордан, која се појавува во трејлерот за филмот, објавува Ројтерс.
Меѓу другите присутни беа извршниот директор на Амазон, Енди Џеси, шефот на студиото на Амазон МГМ, Мајк Хопкинс и режисерот Брет Ратнер, како и извршниот директор на Џенерал Електрик, Лари Калп.
Филмот „Меланија“ е закажан да биде глобално прикажан на 30 јануари. Проекцијата, беше првпат претседателот, семејството и блиските пријатели на Меланија да го видат филмот во целост, рече Марк Бекман, надворешен советник и агент на првата дама.
Трејлерот нуди редок поглед зад сцената на работата на првата дама, која остана подалеку од очите на јавноста за време на вториот мандат на нејзиниот сопруг. Трејлерот започнува на Денот на инаугурацијата во јануари 2025 година, покажувајќи ја како носи темно сина шапка со широк обод за церемонијата. Исто така, ја прикажува нејзината улога како советник на претседателот, вклучувајќи момент каде што таа го охрабрува да нагласи „миротворец и обединувач“ во неговиот инаугуративен говор.