Лепа Брена летото го поминува на својата луксузна јахта, каде често и се придружуваат бројни пријатели и семејството.
Така е и овој пат. Пејачката е на крстарење со нејзината сестра Фата, синот Виктор, но и еден специјален гостин – новата девојка на Виктор, најверојатно идна снаа, водителката Софија Спасојевиќ.
– Час по цртање – напиша Брена објавувајќи видео од дружбата на јахтата.
Девојката на Виктор седеше на чело на масата, меѓу Брена и нејзиниот партнер, а судејќи по насмевките, би се рекло дека одлично е прифатена од Живојиновиќ.