Придружниот вокал на ДНК и една од тројцата преживеани членови на групата во страшниот пожар, професорката Ана Костадиновска откако ги испрати до вечното почивалиште своите најблиски пријатели и драги колеги повторно се огласи на својот Фејсбук.
Ана добива бројни пораки на поддршка и лично и преку социјалните мрежи и од најблиските пријатели, колегите, соработниците, но како професорка и од децата кои се нејзини ученици. Една таква, рачно напишана од две дечиња кои заедно со пораката за брзо опоравување и испратиле и подароче, таа ја објави.
„Драга професорке! Ви посакуваме брзо опоравување и што поскоро да ви се врати насмевката на лицето. Ве сакаме, Илија и Драгана“ – и порачале нејзините ученици, а нивната професорка им возврати на пораката.
„Вие сте мојата насмевка и сила. ВЕ САКАМ деца мои“.
