Познати има големи предизвици

Елтон Џон поради инфекција повеќе не гледа на десното око

Зборувајќи за Good Morning America, пејачот објасни како состојбата влијаела на неговата способност да создава музика.

Елтон Џон поради инфекција повеќе не гледа на десното око

Музичката легенда Елтон Џон откри дека го загубил видот на десното око откако летово се заразил со инфекција која делумно го ограничила видот на десното око.

Зборувајќи за Good Morning America, пејачот објасни како состојбата влијаела на неговата способност да создава музика.

-За жал, го изгубив видот на десното око поради инфекција која ми се случи во јули на југот на Франција. Поминаа четири месеци откако не гледам. Но, ниту моето лево око не е многу добро, изјави Елтон.

Кантавторот нагласи дека иако има надеж дека видот ќе му се подобри, моментално се соочува со големи предизвици во снимањето на нова музика.

-Има одредена надеж и охрабрување дека ситуацијата ќе се подобри. Сепак, во моментов се чувствувам како да сум во застој, бидејќи додека можам да правам вакви интервјуа, се соочувам со тешкотии кога станува збор за снимање во студио. Имено, проблемот е што едноставно не можам да ги читам текстовите, што ми оневозможува да продолжам со работа, изјави Елтон.

77-годишникот откри дека инфекцијата настанала во текот на летото, но дека процесот на закрепнување е бавен и ќе биде потребно извесно време за целосно да му се врати видот.

To top