Познати во наредните две години

ДИСКУСИИ ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Илјадници документи за комуникациите на кралицата Елизабета Втора излегуваат во јавност, еве што ќе има меѓу нив

Документите кои се однесуваат на комуникацијата на монархот се држат во тајност додека не поминат пет години од смртта.

ДИСКУСИИ ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Илјадници документи за комуникациите на кралицата Елизабета Втора излегуваат во јавност, еве што ќе има меѓу нив

Илјадници владини документи за комуникацијата на кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип, би требало да бидат објавени во наредните две години, а истражувачите стравуваат дека документите може да подлежат на цензура, пренесуваат британските медиуми.

Документите би требало да бидат објавени во 2026 и 2027 година, односно пет години по смртта на кралскиот пар, а во палатата веќе се започнати интерни дискусии за тоа како да се постапи со документите и што би требало да остане доверливо, пренесува „Гардијан“.

Меѓу документите веројатно ќе бидат настани кои ги одбележиле успесите и падовите на кралицата за време на 70 годишното владеење, потоа кореспонденција со членовите на кралското семејство и владини служби, податоци за патувањата во странство и други детали поврзани за раѓањата, смртта и разводите во семејството.

Најголем дел од јавните документи од историско значење обично се објавуваат по 20 години, но има исклучок кога се работи за владини документи важи за националната безбедност.

Архивите на кралското семејство од Виндзор не се сметаат за јавни документи, наведува „Гардијан“.

Документите кои се однесуваат на комуникацијата на монархот се држат во тајност додека не поминат пет години од смртта.

To top