Познати Луксузен Божиќ

Блеска на сите страни: Семејството Кардашијан слави со безброј елки и вештачки снег (ФОТО)

Таа постави неколку борови во ходникот, а обожавателите ги нарекоа нејзините украси „морничави“.

Блеска на сите страни: Семејството Кардашијан слави со безброј елки и вештачки снег (ФОТО)

Девојките од семејството Кардашијан-Џенер и оваа година уживаа во луксузен Божиќ – од украси до прослави и екстравагантни модни комбинации.

Неколку дена пред Божиќ, Ким Кардашијан (43) сподели видео каде откри како го украсила својот дом оваа година. Таа се одлучила за минималистички украси, а како украс користела само сребрени светилки. Немаше традиционални божиќни бои, црвена и златна. Таа постави неколку елки во ходникот, а обожавателите ги нарекоа нејзините украси „морничави“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Познатото семејство се собра за Бадник, а со моменталните температури во Калифорнија кои се искачија и до 20 степени, немаше снег на повидок. Меѓутоа, за да им обезбедат вистинска зимска бајка на своите гости, тие имале вештачки снег.

На забавата им се придружила Парис Хилтон (42) и нејзината сестра Ники, а Парис и Ким заедно тргнале на санкање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Најнови вести од Познати

Теми на денот

To top