Познати

Бизарниот фотошоп на Ким Кардашијан го крена на нозе целиот свет: Најпознатата старлета објави фотографија со три палци на себе (ФОТО)

Бизарниот фотошоп на Ким Кардашијан го крена на нозе целиот свет: Најпознатата старлета објави фотографија со три палци на себе (ФОТО)

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан годинава ги воодушеви своите следбеници со божиќни фотографии во друштво на своите четири деца – ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм. Тие позираа пред бројни новогодишни елки во куќата на најпознатата стерлета, а се ќе беше идилично доколку обожавателите не забележаа еден бизарен детал.

„Божиќ 2023 година“, стоеше во описот на објавата што Ким Кардашијан ја сподели на социјалните мрежи.

Имено, на фотографијата на која Ким Кардашијан позира со најстарата ќерка Норт, изгледа како ријалити ѕвездата да има два палци на едната рака. Многу обожаватели веднаш ја обвинија за уредување фотографии со фотошоп.

„Ким Кардашијан не фотошопираш доволно добро“, „Кога си доби трет палец ?“, „Ова потврдува многу работи“, „Треба да ја погледнеш фотографијата пред да го објави“, „Штета е што ги фотошопирала и децата, сите се природно убави“ се само дел од коментарите под објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Најнови вести од Познати

To top