Познати

Бен Афлек без бурма во пресрет на годишнината од бракот

Бен Афлек без бурма во пресрет на годишнината од бракот

Актерот Бен Афлек беше забележан без прстен на раката по гласините за развод од Џенифер Лопез.

Фотографите го снимија во автомобил во Лос Анџелес. Прозорецот на автомобилот бил отворен, а неговите раце на воланот биле снимени, пишува Hello Magazine.

Бен Афлек и Џенифер Лопез минатата недела официјално ја ставија на продажба својата вила на Беверли Хилс, а актерот не живее во неа одамна.

Светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на славниот пар. Сомнежите се засилија откако вилата беше ставена на продажба. Покрај тоа, Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на нејзиниот нов филм. Двојката потоа беше видена заедно на кошаркарскиот натпревар на синот на Бен, Семјуел, каде што нивното однесување исто така предизвика сомневања за развод.

Славниот пар се венчаше во 2022 година во Лас Вегас. Бен и Џенифер се запознале во 2001 година на снимањето на филм. Следната година се верија, а по извесно време одложување на венчавката, се разделија во 2004 година. Афлек тогаш беше во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца, а Џенифер беше во брак со Марк Ентони, со кој има близнаци.

Најнови вести од Познати

To top