Естер Седлачек, најблиската соработничка на Бастијан Швајнштајгер, го очекува своето трето дете, а поради еден детаљ, целиот свет е во шок.
Додека пристигнуваат нови детали за разводот на Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ, сите зборуваат за фактот дека Естер Седлачек, убавица која не се разделува од Швајнштајгер, е бремена.
-Да, бремена сум. Пресреќна сум. Нема причина ниту можност да кријам нешто. Ќе имаме момче, изјави Седлачек за „Билд“.
View this post on Instagram
Сепак, никој сè уште не објавил, вклучително и самата таа, кој е татко на детето. Како да се обидела да го скрие тоа, што засега успева да го стори.
Инаку, Седлачек има две деца со својот сопруг, германски бизнисмен, но таа не живее со него повеќе од два месеци.
Поради целата ситуација, целиот свет со голем интерес го следи развојот на настаните.