Хрватските медиуми објавија дека градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ не дозволил концертот на Александра Пријовиќ да се одржи во овој град.
Бранко Дукиќ во оваа прилика се огласи за медиумите и рече дека тој никогаш не би отишол на ваков концерт, но и дека нема никаква врска со организацијата на концертите.
-Живееме во слободно општество каде што секој ја слуша музиката што ја сака. Јас сум против каква било забрана и ме чудат ваквите конструкции во одредени медиуми. Не се занимавам со организирање концерти и не разбирам зошто се крена толку голема прашина за тоа. „Višnjik“ има своја администрација и своја деловна политика, која самостојно одлучува за програмските и комерцијалните содржини, дури и за оние кои мене лично не ми се допаѓаат. Ниту сум љубител на таа музика, ниту би одел на ваков концерт и само тоа имам да кажам, изјави Дукиќ за концертот на Александра Пријовиќ.