Познатата пејачка Нуца, која учествуваше и на Американски Идол, ќе ја претставува Грузија на Евровизија и тоа со песна на Дарко Димитров.
Во време кога масовно ја промовира песната „Firefighter“ и постојано настапува низ Европа и во родната Грузија, Нуца доживеа огромна трагедија.
View this post on Instagram
Таа на Инстаграм објави дека нејзиниот брат Дато е пронајден мртов во автомобил во Америка.
„Како дел од моето срце да се распарчи. Не можам да си простам што не бевме многу блиски во последните неколку години, но секогаш го сакав, уште од детството. Многу сум тажна што ја изгубивме врската, а не ни разбирам зошто… Ова страдање ќе ме следи до последниот ден од животот. Дато, ти беше добар брат, добар пријател, добар син и добар сопруг, добар татко и голем париот. Прости ми што не бев со тебе“, напиша пејачката.
View this post on Instagram
View this post on Instagram