Музика пред околу 100.000 луѓе

ПРВ НАСТАП ПО ЕВРОВИЗИЈА: Израелката ја отпеа забранета верзија на нејзината песна (ВИДЕО)

Голан првично требаше да настапи на Евровизија со песната „Октомвриски дожд“. Но, организаторите на Евровизија побараа од Израел да го смени текстот на песната бидејќи оценија дека таа носи политичка порака.

ПРВ НАСТАП ПО ЕВРОВИЗИЈА: Израелката ја отпеа забранета верзија на нејзината песна (ВИДЕО)

Еден Голан, претставничката на Израел на овогодинешниот Евросонг, го одржа својот прв настап по  музичкиот натпревар и ја изведе „Октомвриски дожд“, забранетата верзија на песната со која се натпреваруваше во Шведска.

-Ова е мојот прв пат да настапувам по Евровизија и важно ми е да испејам песна со овие зборови на оваа сцена на овој плоштад. Ќе продолжам да го користам мојот глас на и надвор од сцената додека секој од овие луѓе безбедно не се врати дома, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EDEN GOLAN (@golaneden)

Еден настапи пред околу 100.000 луѓе, а исто толку прегледи доби и нејзиното видео.

Голан првично требаше да настапи на Евровизија со песната „Октомвриски дожд“. Но, организаторите на Евровизија побараа од Израел да го смени текстот на песната бидејќи оценија дека таа носи политичка порака.

Последните три стиха требаше да се пеат на хебрејски и се однесуваа на нападите од Хамас во октомври 2023 година.

После тоа песната го доби името „Ураган“, а текстот беше сменет.

To top