На генералната проба пред големото финале на Евровизија, кое ќе се одржи вечерва во 21:00 часот, дојде до скандал со водителката која одби да каже „Израел“.
Имено, при симулацијата на гласањето, кога во живо се вклучи водителката од Финска, која според правилото требаше да ги прочита 12-те поени и да му ги додели на претставникот за кој нивната земја гласала, како што беше речено, на Израел, дојде до промена и исклучување од програмата.
Водителката од Финска одби да каже „Израел“, а наместо договорениот план рече: „На Ирска и’ даваме 12 поени“.
Домаќинот во арената во Малме потоа праша: „Молам?”
– Не те слушаме добро, можеш ли повторно?, рече таа.
Finnish spokesperson refusing to say Israel during jury show yesterday lmaoo i really wonder what they’ll do when all of them do this tonight pic.twitter.com/sePtD8yMhZ
— saro ֎ (@WWESARO) May 11, 2024
Водителката од Финска повторно порача: „Ирска“.
После тоа, програмата беше затворена, а потоа зборуваше директорот на ЕБУ.
– Добро е што ги имаме овие проби. Според денешната симулација, 12 бода треба да му припаднат на Израел, рече тој.