За време на прикажувањето на клиповите на финалистите, италијанската телевизија „Раи“ случајно ги објави резултатите од „телевоутингот“.
Според објавеното – Израел доби 12 поени со 39 отсто од гласовите, а Холандија со 10 поени со 7,3 отсто од гласовите.
🇮🇹 Italian broadcaster Rai has accidentally revealed their televoting percentages during tonight’s #Eurovision semi-final.
[🎥 Rai] pic.twitter.com/cykJlZt4Qr
— ESC Discord (@ESCdiscord) May 9, 2024
Оваа грешка предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а многу гледачи се посомневаа дека резултатите се објавени случајно. Причина за тоа е фактот што публиката вчера го исвирка настапот на израелската претставничка Еден Голан.
Во второто полуфинале се пласираа Летонија, Австрија, Холандија, Норвешка, Израел, Грција, Естонија, Швајцарија, Грузија и Ерменија, а од првото полуфинале се пласираа Србија, Португалија, Словенија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Хрватска, Ирска и Луксембург.