Промо Патувајте без грижи – заштитете ги најмилите

Зајакнете го имунитетот на децата пред патување и годишен одмор

Зајакнете го нивниот имунитет и дигестивен систем пред патувања со комбинирана поддршка од пробиотици, пребиотици, витамин Д и цинк.

Зајакнете го имунитетот на децата пред патување и годишен одмор

Патувањата, покрај возбудата и новите искуства, носат и зголемена изложеност на различни микроорганизми, промени во исхраната, како и адаптација на нова клима. Со доаѓањето на сезоната на патувања и летни одмори, пред родителите повторно се отвора прашањето – како да обезбедат нивните деца да патуваат здрави и полни со енергија, без непријатни изненадувања како стомачни тегоби или настинки?

Навремена и соодветна поддршка на дигестивниот и имунолошкиот систем може да помогне во спречување на овие потенцијални предизвици.

Како влијае на детето вклучување на производ што комбинира пробиотици, пребиотици, цинк, и витамин Д?

Од пробиотикот се очекува да ги намали симптомите и времетраењето на дијареата. Пробиотикот има важна улога во одржување на здравата цревна микрофлора, но и во зајакнување на општиот имунитет. Најчесто користени се бактерии кои поддржуваат здрав дигестивен систем и имунолошка функција – Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium lactis. Овие бактерии придонесуваат за здрава цревна микрофлора, превенираат стомашни инфекции и го јакнат природниот имунитет. Исто така пробиотската габа Saccharomyces boulardii помага во одржување на балансот на цревната микрофлора преку дирекна компетитивност со патогените микроорганизми.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Како поддршка на пробиотиците тука се пребиотиците како што е инулинот, кој претставува еден вид на храна за пробиотските бактерии, која ја потпомага нивната колонизација и го зголемува нивниот број особено на лактобацилите и бифидобактериите.

Цинкот е есенцијален минерал со клучна улога во функционирањето на имунолошкиот систем. Тоа е важен минерал кој ги штити клетките од оксидативен стрес. Тој придонесува за формирање и активирање на белите крвни клетки, кои се прва линија на одбрана од инфекции. На телото му е потребен во мали количини но има значајна улога за одржување на психо-физичкото здравје на човекот. Тој ја поддржува и функцијата на дигестивниот систем и учествува во процесите на заздравување на ткивата. Најмногу се складира во мускулите и коските, каде има улога во создавањето на коскената маса.

Витаминот Д не само што придонесува за здрава минерализација и раст на коските, туку и има значајно влијание врз имунолошкиот систем. Тој го поддржува одговорот на телото на инфекции и е особено важен во периоди кога децата се изложени на климатски промени, стрес од патувања или доаѓаат во контакт со нови патогени.

При изборот на пробиотски производи покрај составот важна е и формата и вкусот на производот за полесно прифаќање од страна на децата. Кога се во форма на прашок во кесички лесно се мешаат со оброк или пијалак и лесно се употребуваат. Немањето на вкус исто така помага за поголема прифатливост од страна на детето консумирање со вода, сок или друго. Важно е да се следат упатствата на производот и да не се надминува препорачаната дневна доза. Со внимателен избор, ваквите производи можат да бидат вреден дел од дневната рутина за здравјето и благосостојбата на детето.

Фармацевтска компанија Галеника  во составот на својот производ Flonivin Kids Immuno ги има вклучено токму овие компоненти како уникатна комбинација. Flonivin® Kids Immuno е наменет за имунитетот и дигестивната микрофлора на децата и претставува уникатна пробиотска формулација со соеви на корисни бактерии за кои е докажано дека им помага на децата да останат здрави. Ги штити цревата од штетни бактерии, микроорганизми и токсини. При тоа, помага и за подобра апсорпција на калциум и фосфор потребни за градба на коските.

Овој пробиотски производ содржи 15 милијарди корисни микроорганизми (Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium lactis и Saccharomyces boulardii), инулин, витамин Д3 и цинк, наменети за поддршка на имунитетот и дигестивната микрофлора кај деца постари од една година.

Еднаш дневно, содржината на кесичката се може да се раствори во чаша ладна вода и се дава на детето да ја испие, пред оброк, и со доволна количина вода.

Flonivin® Kids Immuno е наменет за деца над 1 година.

Најнови вести од Промо

To top