Промо најсовремена игротека

Diamond Mall ја отвори „Зоната на соништата“ – волшебно место за децата и возрасните

Продолжуваат изненадувањата во Diamond Mall. Сите сонувачи со отворени очи, отсега имаат свое место во „срцето на градот“.

Diamond Mall ја отвори „Зоната на соништата“ – волшебно место за децата и возрасните

Од денес започнува со работа „Зоната на соништата“ (Dream Zone), кадешто децата, но и возрасните, ќе можат да уживаат во светот на фантазијата. „Зоната на соништата“ е лоцирана на две нивоа, на првиот и вториот кат во Diamond Mall, на површина од 3.500 метри квадратни, што ја прави една од најголемите во земјава.

„Зоната на соништата“ е уникатна и по своите содржини. Посетителите ќе можат да уживаат во трите тематски делови „Roleplay House“, „Kids Venture“ и „Immersive Zone“, каде што има 15 различни содржини. Таа има и едукативен дел, сместен во „Roleplay House“, каде во автентичен простор, децата ќе можат да учат за различни професии и активности од секојдневниот живот, како на пример што се случува во полициска станица, библиотека, пожарна служба, супермаркет и слично. Зоната има ресторан, сместен на првиот кат, и кафуле, кое е лоцирано на приземјето, а за посебни прослави има соодветна наменска просторија.

„Зоната од соништата е многу важен дел од Diamond Mall и ние сме исклучително задоволни што можеме да ја претставиме и отвориме за децата од различни возрасти.  Како што е и името на овој простор, сакаме да ги поттикнеме најмладите да сонуваат и да се стремат кон вистинските вредности во животот. Ексклузивна карактеристика на ,Зоната од соништата’ е комбинацијата од забава и едукација и е развиена според најновите трендови за ваков тип на содржини. Уверени сме дека, покрај другите содржини, ќе биде причина за посета на трговскиот центар и дека ќе привлече деца и возрасни од целата земја, но и од соседството“, истакна Селин Октај, генерална менаџерка на Diamond Mall.

To top