Македонија

ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ – после работа веднаш упатете се дома, еве што најавува УХМР за во текот на попладнето и вечерните часови!

ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ – после работа веднаш упатете се дома, еве што најавува УХМР за во текот на попладнето и вечерните часови!

Во овој момент делови од Скопје се прекриени со облаци кои носат дожд, проследен со силен ветер и грмежи.

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека попладнево времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме.

УХМР за утре најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа, особено во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи.

Најнови вести од Македонија

To top