Промо унибанка добитник на две значајни признанија за 2023

Акциите на УНИБанка АД Скопје се најпосакуваните акции во земјава во 2023 година!

Успешната 2023 година и доброто работење на УНИБанка години наназад, одличниот имиџ и репутација кои ги ужива во јавноста и во деловниот свет, придонесоа Банката да биде добитник на две значајни признанија од Македонска берза за 2023 година.

Акциите на УНИБанка АД Скопје се најпосакуваните акции во земјава во 2023 година!

Првата награда е во категорија „Акција со најголем промет во 2023 година“ , а втората за „Акција со најголем пораст на цената во 2023 година“ и двете во сегментотакционерски друштва под 50 милиони евра пазарна капитализација.

Наградите во име на УНИБанка ги прими Владислав Хаџидинев, Извршен директор на УНИБанка АД Скопје, кој изјави дека е ова резултат на добрата стратегија за развој на Банката, како и на одличниот тим на врвни финансиски професионалци и експерти кои работат во Банката.

УНИБанка

Акциите на УНИБанка во 2023 година беа едни од најпосакуваните хартии од вредност во земјава, што е потврда за стабилноста и сигурноста на Банката, на довербата која ја ужива во земјава од акционерите инвеститори, како и од штедачите и деловните субјекти. Тоа е сигнал за инвеститорите дека и во иднина акциите на УНИБанка ќе бидат исплатлива инвестиција, додаде Хаџидинев.

Наградите се добиваат врз основа на квантитативни податоци, како што се берзанскиот промет, цените, истргуваната количина на ХВ и бројот на трансакции во тековната година, а ги доделува Одборот на директори на Берзата.

УНИБанка

УНИБанка АД Скопје и во 2022 година беше наградена од Македонска берза во категорија “Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност“.

Настанот за доделување на годишните награди го отвори Министерот за финансии во Владата на РСМ, г-динот Фатмир Бесими,заедно со Главниот извршен директор на Македонска берза, г-дин Иван Штериев.

УНИБанка

Најнови вести од Промо

To top