Вести

ЕУ постигна трговски суфицит од 158 милијарди евра во стоковната трговија со САД во 2023 година

Минатата година Европската Унија оствари суфицит од 158 милијарди евра во стоковната трговија со Соединетите Американски Држави, објави денеска Евростат на својата веб-страница.

ЕУ постигна трговски суфицит од 158 милијарди евра во стоковната трговија со САД во 2023 година

Во 2023 година ЕУ извезла стоки во САД за 502 милијарди евра, а увезла стоки за 344 милијарди евра.

Европската Унија лани увезла сурова нафта од САД за 42,4 милијарди евра, што претставува зголемување од 11,4 отсто во однос на 2022 година, како и медицински и фармацевтски производи за 32,5 милијарди евра, што е за 36,6 отсто повеќе во однос на 2022 година.

ЕУ увезла природен гас од САД за 26,9 милијарди евра, што е намалување за 44,8 отсто во однос на 2022 година.

Ваквиот пад на вредноста на извозот се должи на наглиот пад на цената на бензинот, а не на намалувањето на износот на увозот на гас од САД, кој се зголеми за 14 отсто на годишно ниво.

САД се најголем партнер на Европската Унија во извозот на стоки, со учество од 19,7 отсто, како и втор најголем партнер по Кина во увозот, со учество од 13,7 отсто.

Најнови вести од Вести

To top