Македонија епицентарот во Преспа

Земјотрес во Македонија, почувствуван во повеќе градови

Земјотресот предизвика вознемиреност кај граѓаните, а според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.

Земјотрес во Македонија, почувствуван во повеќе градови

Земјотрес со интензитет од 3,8 степени е почувствуван ноќеска во Охрид, Струга, Ресен, Битола и Кавадарци.

Епицентарот на земјотресот бил во Преспа, на 120 километри од Скопје. Земјотресот предизвика вознемиреност кај граѓаните, а според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 120 km јужно од Скопје, во епицентралното подрачје Преспа, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала.

Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени, се посочува во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.

Најнови вести од Македонија

To top