сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 10
home Вести

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог – законот за финансиска поддршка на инвестиции во второ читање, измените и дополнувањата на законите за Државен пазарен инспекторат, за технолошки индустриски развојни зони, за основање Агенција за енергетика, за основање Агенција за промоција и поддршка на туризмот, за Државната статистика, за стандардизација, за заштита на конкуренцијата, за индустриската сопственост и за акредитација, сите во второ читање.

Законодавно-правната комисија во рамки на 64.седница ќе расправа за измените на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, како и за измените на законите за санитарната и здравствената инспекција, за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност,  за лековите и медицинските средства, сите во второ читање.

По завршување на оваа седница, Законодавно-правната комисија ќе ја одржи и 60. седница на која ќе стане збор за измените и дополнувањата на законите за електронско управување, за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за основање на Македонска радиодифузија, за животната средина, за заштита на природата, за финансиска поддршка на инвестиции, за Државен пазарен инспекторат, за технолошки индустриски развојни зони, за основање Агенција за енергетика, за основање Агенција за промоција и поддршка на туризмот, за Државната статистика, за стандардизација, за заштита на конкуренцијата, за индустриската сопственост..

МИА

Коронавирус