Хроника Спроведен во Идризово

Приведен криминалец баран со потерница

На 13.11.2023 во 19.30 часот во кичевското село Горно Строгомиште, полициски службеници од Полициската станица Кичево го привеле Х.Ф.(44) од истото село.

Приведен криминалец баран со потерница

Тој бил баран со потерница врз основа на наредба од Основниот суд во Кичево за издржување затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психитропни супстанци прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Теми на денот

To top