Живот и Стил Слични бои

Вишокот килограми се комплекс и за мажите: Совети за крупните момци кои сакаат убаво да изгледаат

Доколку се држите до слични бои при облекувањето, вие на останатите визуелно ќе им изгледате многу потенки и повитки

Вишокот килограми се комплекс и за мажите: Совети за крупните момци кои сакаат убаво да изгледаат

Немаат само жените проблем со вишокот килограми. И за мажите дебелината претставува голем комплекс.

Освен дека треба да внимаваат на исхраната и да вежбаат, потребни им се и други совети.

На пример, како треба да се облекуваат?

Целта е да изгледате послабо или пак во најмала рака да не носите нешто што премногу ги потенцира вашите килограми. Постојат неколку трикови помеѓу кои се носењето облека во вертикални линии или пак комбинирање слични бои.

Што помалку толку подобро. Ова значи да не ги полните џебовите на пантолоните, јакната или кошулата со разни предмети, мобилни, кутии од цигари и слично, бидејќи секој од нив, придонесува визуелно да го зголемите обемот.

Вертикални линии. Нежните и тенки вертикални линии на облеката ќе ви создадат вештачка виткост и ќе ве издолжат. Само внимавајте, доколу линиите се премногу смели и широки, тие само ќе направат да изгледате полошо и ќе ја истакнуваат вашата тежина.

Поткошула. Обидете се во секоја можна прилика, да носите поткошула, бидејќи ќе ви создаде еднаква и мазна силуета.

Горен дел со „V“ отвор. Ваквиот отвор ќе ви помогне визуелно да ја намалите облината на вратот, бидејќи тој нема да биде опколен со материјалот од облеката. Исто така, доколку под парчето облека, не облечете ништо друго, можете да постигнете ефект на мускулести гради.

Облеката совршено да прилега на телото. Ова најмногу важи за пополните мажи. Доколку облеката е минимално тесна, ќе се покаже она што најмногу сакате да го сокриете. Во спротивен случај, пак, доколку е прешироко, ќе изгледате како телото да ви нема форма. Вашата облека мора да биде совршено точна, ниту претесна, ниту преширока.

Слични бои. Доколку се држите до слични бои при облекувањето, вие на останатите визуелно ќе им изгледате многу потенки и повитки. Најдобар пример е закопчан костум – споеноста на сакото со пантолоните создава обединувачи ефект, кој додава височина.

Коланот. Обидете се коланот да ви биде затегнат, но пред се и да ви биде комотен. Доколку ви е затегнат премногу силно, вишокот ќе ви излезе од страните.

To top