Живот и Стил

ВИДЕО: Oдгледува три деца во најстудениот град на светот, а вака изгледа нејзиниот ден на -64°C

ВИДЕО: Oдгледува три деца во најстудениот град на светот, а вака изгледа нејзиниот ден на -64°C

Сардана има 32 години, мајка на три деца и живее во најстудениот град во светот – Јакутск, каде што температурата паѓа до -64°C во зима. Иако изгледа незамисливо да функционираме на таква температура, нивниот живот продолжува нормално, а оваа мајка откри како изгледа еден ден од нејзиното семејство во овие екстремни, сибирски услови.

Сардана и нејзиниот сопруг Игор имаат син Максим (12), ќерка Вика (7) и најмалото дете – ќерката Арина, која имала само еден и пол месец за време на снимањето на документарецот.

Како што можете да видите во видеото, во куќата е топло – околу 25 степени Целзиусови, па затоа носат кратки ракави, но им е потребна задолжителна и долга подготовка за да излезат надвор. Важно е да се знае што да се облече и како да се одржи топло телото.

„Во Јакутск, дури и најмалите детали не се прашање на навика, туку на преживување“, рече Сардана.

Иако во куќата е секогаш топло, таа објаснува дека греењето е екстремно скапо, а поради ова, воздухот станува сув, па затоа мора да внимава кожата на бебето да не се исуши, односно постојано мора да се грижи за неа.

Откако децата и сопругот ќе излезат на своите обврски, Сардана ги извршува домашните работи, а меѓу нив е и една што не е вообичаена за нас – одење по вода, односно блокови мраз од кои таа ќе добие здрава, вода за пиење. Не им треба замрзнувач за храната, а веќе можете да претпоставите зошто…

Иако изгледа чудно, тие ја сушат и облеката надвор на воздух, практика што ја сметаат за корисна бидејќи веруваат дека студот ги убива бактериите.

Сардана се грижи за бебето сама. Па затоа ја носи насекаде со себе кога оди со автомобил, и истакнува дека тоа може да биде опасно поради огромната температурна разлика. Затоа го облекува бебето во неколку слоеви и се грижи ниту еден дел од кожата да не биде изложен на студот.

To top