Живот и Стил Совети!

Родители, познат психолог предупредува: Еве зошто НЕ СМЕЕТЕ да го тепате вашето дете!

Постојат две сценарија: детето ќе стане агресор или ќе стане жртва.

Родители, познат психолог предупредува: Еве зошто НЕ СМЕЕТЕ да го тепате вашето дете!

Рускиот психолог со 30-годишно искуство, Михаил Лабковски, упати апел до сите родители: „Да се ​​тепа дете значи да се скрши неговата верба во животот“!

-Пријатели, сакав да ви кажам зошто не треба да тепате деца (ако поради некоја причина тоа не ви е очигледно), рече на почетокот овој психолог.

Кога сме во стресна состојба, на пример, закана ни „виси над глава“, ни се потсмеваат или ни нанесуваат физичка болка – во крвта се ослободува група на таканаречени глукокортикоидни хормони. Тоа се „хормоните на стрес“ кои се одговорни за одговорот „удри или бегај“.

Овој процес е доста сложен и влијае на телото долго време. Ова е причината зошто овие хормони не се ослободуваат во крвта кај децата во присуство на нивните родители. Така, природата го штити телото на детето во развој од дополнителен стрес.

Ако самиот родител стане извор на стрес, тогаш детето нема да го сфати тоа насилство како опасност. Со други зборови, нема стрес, тоа му е „нормално“, се е во ред, така мора да биде затоа што доаѓа од неговите родители.

Што мислите, во каква личност ќе порасне вашето дете кое уште од најмала возраст верува дека насилството и агресијата се нормални?

И што ќе се случи ако детето дојде во контакт со реална закана од возрасен?

Психологот одговори од психолошка, а не од физиолошка гледна точка.

Постојат две сценарија: детето ќе стане агресор или ќе стане жртва.

„Ве молиме најдете сила во себе и сфатете колку е погрешно да тепате деца! Можно е и вие самите да сте биле тепани во вашето детство, а тие тепања веројатно се уште ги паметите како најболните работи во вашето детство. Пријатели, ова е многу сериозна и многу важна тема. Искрено се надевам дека разбирате за што зборувам“ – рече Лабковски.

To top