Неопходно е татковците да им дадат добар пример за врските на своите деца, а тоа ќе го постигнат преку следниве чекори:
1. Мора да ја ценат нивната мајка. Децата го впиваат односот помеѓу нивните родители, а својата вредност ја осознаваат преку начинот на којшто родителите ги почитуваат децата, секако и преку начинот на кој што родителите се ценат меѓу себе.
2. Татковците треба да покажат дека можат да ги гледаат работите и од туѓа перспектива. Мора да ја покажат важноста на почитувањето на туѓото мислење, дури и кога не се согласуваат со тоа.
3. Децата учат од родителите како активно да соработуваат во решавањето на проблемите и да помагаат во извршувањето на разни задачи.
4. Татковците можат да им дадат добар пример на децата ако им покажат како да ги решаваат проблемите почитувајќи ги сопствените и потребите на другите.
5. Кога кај татковците има мотив да се направат работите подобри, децата тоа веднаш ќе го прифатат и ќе ги прифаќаат предизвиците во врските и воопшто во животот со намера да ги подобруваат работите, а не за да се одмаздуваат да ги усложнуваат.
6. Сочувствувањето со мајката е неопходно. Кога децата ќе видат дека таткото сочувствува со болката или вознемиреноста на нивната мајка, така што сака да помогне и да ја заштити, но не и да ја контролира, ќе сфатат дека мајката има своја личност со свој карактер, темперамент, чувства, мислење и вредности кои се заштитени од него.
7. Добриот став кон другите луѓе ќе се преслика кај децата и ќе немаат проблем да засноваат здрави врски кога ќе пораснат.
8. Покажувањето на приврзаност кон мајката ќе ги направи децата да се чувствуваат заштитени и многу посигурни.
9. Татковците и мајките им даваат одличен пример на своите деца кога прават добри работи еден за друг, односно кога секојдневно се грижат за себе.