Депресијата е сериозна болест која ја уништува личноста, ја потиснува смислата на животот во втор план, го преплавува умот со негативни мисли и го прави човекот навистина несреќен.
Сè почести се случаите на депресивни луѓе на кои им треба помош, но не секогаш се наоѓа некој да им помогне. Не е лесно да се дружиш со депресивна личност и да се обидеш да ѝ помогнеш, но не би биле луѓе ако не се обидеме да помогнеме.
Што сè не смеете да ѝ велите на депресивна личност?
Следните неколку реченици во никој случај не им се кажуваат на луѓе кои страдаат од депресија. Сите овие реченици се вистина, личноста која е депресивна е свесна за нив, но ако постојано ги слуша ефектот ќе биде спротивен и уште повеќе ќе падне во депресија.
Затоа, избегнувајте ги овие и слични совети:
Има луѓе кои се во потешка состојба од тебе.
Има толку многу убави нешта за кои вреди да живееш…
Сè е во твојата глава, твоите мисли се виновни за твојата состојба.
Мислев дека си посилна личност, не можам да те препознаам повеќе.
Како може да помогнете?
Ако навистина сакате да помогнете некому кој е во депресија, потребно е да бидете покрај него без да ги осудувате неговите постапки. Нема многу потреба од зборување, подобро е да дејствувате. Најдете начин да ја вклучите депресивната личност во некои активности за кои сметате дека ќе покаже интерес и ќе ја расположат, најдете начин да ѝ кажете дека сте тука за неа, ислушајте ја без да делите совети и најважно од сè, бидете трпеливи.
Депресијата не е болест која брзо се лечи, па вашето трпение е многу важно.
Соодветната лекарска грижа е уште еден чекор за лекување, затоа мора да направите сè што е во ваша моќ личноста да побара лекарска помош.
Поддршката, љубовта и трпението се најважните нешта кои може да ѝ ги подарите на личноста која страда од депресија. Ако нашата големина како луѓе доаѓа токму од нашата подготвеност да помогнеме, тогаш не двоумете се, бидејќи секој од нас може да биде нечија потпора и нечиј лек.