Ако сакате да спречите настинка, најдобро е да пиете топла вода, чај и млеко измешани заедно, како што препорачува древниот индиски метод на ајурведско лекување.
На сето ова добро е да додадете и малку ѓумбир. Но, доколку веќе се појавила настинка, треба да останете на топло место, а и повеќе пати на ден да пиете чај од ѓумбир подготвен на вообичаен начин.
Особено избегнувајте мрсна храна, бидејќи таа ја влошува настинката.
За настинка, инаку, ајурведското учење тврди дека тоа е резултат на нерамнотежа во имунолошкиот систем, а не на дејство на бактерии и вируси.
Ајурведските лекари се против земање на витамин Ц од лимони и портокали, бидејќи нивниот кисел вкус го надразнува грлото, го зголемува лачењето на слуз и кашлицата. Наместо тоа, тие препорачуваат свежо мелен бибер со мед, бидејќи биберот содржи витамин Ц, а медот го зајакнува имунолошкиот систем.