Живот и Стил Празник

Го празнуваме Св. свештеномаченик Елефтериј, според католичкиот календар денеска е Денот на Невините деца

На 20 години беше поставен за епископ на Илирија.

Го празнуваме Св. свештеномаченик Елефтериј, според католичкиот календар денеска е Денот на Невините деца

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 декември.

Денеска е Св. свештеномаченик Елефтериј.

Антија, мајката на овој Елефтериј, во верата ја воведе самиот апостол Павле. Во истата таа вера Антија го воспита и својот син. Уште многу млад, на 15-годишна вораст, тој беше ракоположен за ѓакон, а три години подоцна за презвитер.

На 20 години беше поставен за епископ на Илирија. Св. Елефтериј се покажа достоен за висината на својот чин и гласот за него брзо се рашири на сите страни. За него се слушна и во Рим. Тогашниот император Хадријан го повика во Рим и после многу измачувања го погуби. Свети Елефтериј пострада во 120 година. Неговите мошти се чуваат во Рим, во црквата Света Сусана.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Денот на Невините деца.

Се згрозуваме од постапката на кралот Херод, кој за да го заштити кралството, наредил да се погубат невини машки деца во Бетлехем, сметајќи дека меѓу нив ќе биде и Новородениот Крал Исус. Овој празник, не повикува да го почитуваме човечкиот живот од раѓањето, па се до смртта.

За жал, како и во деновите на кралот Херод и денеска, се пролева недолжна крв, кога се вршат уништувања на зачнатите, а неродени деца. Додека ја славиме маченичката смрт на Невините деца, посакуваме да ги повикаме сите христијански родители да бидат творци на животот, а не на смртта.

Најнови вести од Живот и Стил

To top