Занимливости очекуваат 11.000 патници секој ден

ВИДЕО: Отворена најдолгата градска жичарница во Европа

Во случај да се утврди дека бројот на патници е поголем од очекуваното, на сегашниот број кабини би можеле да се додадат уште 25 кабини.

ВИДЕО: Отворена најдолгата градска жичарница во Европа

Првата градска жичарница во поширокото париско подрачје, во регионот Ил де Франс, наречена C1, беше отворена пред неколку дена во департманот Вал де Марн.

Оваа жичарница, најдолгата градска жичарница во Европа со траса од 4,5 километри помеѓу градовите Кретеј и Вилнев-Сен Жорж, која ќе се помине за 18 минути, ќе превезува патници од четири градови во овој департман и ќе го скрати времето на патување за половина, според порталот BFM TV.

-Се очекуваат 11.000 патници на жичарницата секој ден. Оваа навистина важна и висококвалитетна услуга ќе донесе вистинска револуција во јавниот превоз, изјави Арно Кроле, директор за инфраструктура во регионот Ил де Франс.

Проектот чинеше 132 милиони евра и беше финансиран од француската влада, регионот Ил де Франс и департманот Вал де Марн.

Компанијата за мобилност од Ил де Франс, од своја страна, го финансира работењето на жичарницата, како и трошоците за одржување на кабините, кои се проценуваат на околу шест милиони евра.

Технички гледано, 105 кабини, секоја со 10 седишта, ќе сообраќаат на секои 20 до 30 секунди, седум дена во неделата.

„Нивниот модуларен дизајн ќе ги направи достапни за лица со намалена мобилност, велосипедисти и мајки со детски колички“, според официјалното соопштение на компанијата за мобилност од Ил де Франс.

Во случај да се утврди дека бројот на патници е поголем од очекуваното, на сегашниот број кабини би можеле да се додадат уште 25 кабини.

To top