Куче по име Мини го спаси животот на својата сопственичка кога видела дека е во опасност.
Малото кутре го притиснало медицинскиот уред, предупредувајќи ги болничарите дека нејзината 90-годишна сопственичка е во лоша здравствена состојба.
Џојс Гибс одеднаш почна да дише тешко, што веднаш ја вознемирило Мини. Малото куче, кое не било тренирано за тоа, го притиснало медицинското алармирање на Џојс што го носи околу нејзиниот врат, а тоа испратило СОС порака до службите за итна помош да одговорат.
– Мини никогаш не скока на столот кога мама седи во него. Мини знаеше дека и треба помош, па се обидела да и помогне, вели Лин Гибс, ќерката на Џојс.
@7newsadelaideEXCLUSIVE: A two-year-old Chihuahua cross named Minnie is being hailed a hero after saving the life of her elderly owner. When the Kingston great-grandmother was struggling to breathe, the clever canine pressed her medic alert button, calling paramedics. #Dog #SouthAustralia #7NEWS♬ original sound – 7NEWSAdelaide
– Дали Мини знаеше што да прави, дали беше случајност… Таа го спаси животот на мама, таа е нашиот мал херој, изјавила Лин.
Џојс имала риновирус, и по четири дена хоспитализација била пуштена од болница.
Оваа ситуација, исто така, послужи како потсетник за Џојс секогаш да го носи својот уред за медицинско предупредување.