Занимливости Не беше оштетена

ВИДЕО: Активисти истуриле супа врз стаклото што ја штити Мона Лиза

Познатата слика на ренесансниот мајстор Леонардо да Винчи, која е изложена зад заштитно стакло од 2005 година, веќе неколку пати беше мета на вандали.

ВИДЕО: Активисти истуриле супа врз стаклото што ја штити Мона Лиза

Двајца еколошки активисти денеска истуриле супа врз блиндираното стакло што ја штити „Мона Лиза“ во Лувр, оправдувајќи ја својата постапка со желбата да го промовираат „правото на здрава и одржлива храна“.

Познатата слика на ренесансниот мајстор Леонардо да Винчи, која е изложена зад заштитно стакло од 2005 година, веќе неколку пати беше мета на вандали.

Во мај 2022 година, маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли тарт со крем кон Мона Лиза. Сликата не беше оштетена. (МИА)

Теми на денот

To top