Сезоната на празници брзо се наближува, а класиката што мора да се види и често се гледа е филмот „Сам дома“. Во центарот на овој незаборавен божиќен филм е куќа која стана симбол на празничниот дух.
Сопствениците на куќата, семејството Абендшиен споделија интересни детали од снимањето на филмот, ги споделија своите спомени и открија како било снимањето на најомилениот божиќен филм.
Џон Абендшиен, сегашниот сопственик на куќата, со насмевка се присетува на моментите што ги доживеал додека се снимал филмот.
-Тоа беше неверојатно искуство и мило ми е што можеме да ги споделиме тие спомени, изјави Џон.
Неговата ќерка Лорен се сеќава и на една особено интересна сцена: „Кога Кевин излезе во дворот да ја украси елката, моите родители седеа таму и се восхитуваа колку добро е снимено, сето тоа изгледаше многу автентично“.
Херб и Џоани, соседи кои живееле преку улицата, редовно снимале настани на сетот. Херб се сеќава на една сцена кога мајката, која ја игра Кетрин О’Хара, се враќа дома додека паѓа снег.
-Реалноста беше многу поинаква. Наместо вистински снег, тие користеа дехидрирано пире од компири“, откри Херб и додаде: „Имаше два големи вентилатори, а луѓето со вреќи ги посипуваа тие парчиња за да создадат ефект на снег“.
Снегот изгледаше импресивно на екранот, но Херб се сеќава на непријатниот мирис кој се ширел откако парчињата останала на земјата.
-Изгледаше одлично за филмот, но подоцна пожолте и почна да мириса прилично лошо, додаде тој низ смеа.
Семејството Абендшиен живеело во куќата само една и пол година, кога им пришол Крис Колумбус, режисерот на еден од најпопуларните божиќни филмови.
-Тој ни кажа дека нашата куќа е идеална за снимање. Немавме поим дека филмот ќе има таков успех”, изјавија претходно сопствениците.
Додека се снимал „Сам дома“ околу шест месеци, тие најголем дел од времето го поминале во главната спална соба, додека во останатиот дел од куќата се снимаа познати сцени од хит комедијата.