Занимливости во живо

Следете го движењето на санката на Дедо Мраз (ВИДЕО)

На популарната страна Flightradar каде може да се следат авионските летови, сега може да го следите и движењето на санката на Дедо Мраз.

Следете го движењето на санката на Дедо Мраз (ВИДЕО)

На популарната страна Flightradar каде може да се следат авионските летови, сега може да го следите и движењето на санката на Дедо Мраз.

Позицијата на Дедо Мраз се следи со помош на терестријална и сателитска опрема.

Летот „Дедо Мраз 1“, со регистрација „ХО-ХО-ХО“, и тип на авион „санка“, полета од северниот пол, каде ќе се врати на истото место.

Тој лета многу побрзо од останатите авиони, за да може неколку пати да се врати на Северниот пол, да земе подароци за да ги разнесува на децата.

Инаку, санката на Дедо Мраз е уникатен тарандус Rangifer со 9 мотори. Со 1.753 години, тоа е најстариот активен авион во светот.

To top