Скопје Уникатна забава

Кисела Вода: Тридневен новогодишен караван со Дедо Мраз, пакетчиња и многу забава

На крајот од хепенингот, Дедо Мраз ќе подели пакетчиња за сите дечиња.

Кисела Вода: Тридневен новогодишен караван со Дедо Мраз, пакетчиња и многу забава

Општина Кисела Вода поканува на голема предновогодишна и уникатна забава. Новогодишниот караван со Дедо Мраз ќе патува низ целата општина во текот на три дена во кои сите дечиња  добијат пакетчиња, а настанот ќе биде дополнет со многу музика и забава.

Новогодишниот караван започнува од среда, 27.12.2023, каде што Дедо Мраз во 10 часот ќе пристигне во Паркот на бранителите во Драчево.

Во четврток, 28.12.2023, повторно во 10 часот ќе биде пред Домот на култура „Билјана Беличанец” од каде ќе се упати во градинките да ги израдува најмалите, а петокот е резервиран за неверојатна двочасовна забава во паркот во Расадник.

На 29.12.2023, во 12 часот со детска претстава започнува големиот хепенинг резервиран за сите деца од Кисела Вода, но и пошироко, додека во 12:40 со свој концерт ќе настапат „Поточиња”.

Во 13:30 ќе ве забавуват Сара Мејс и “Данса Латина Стефи” со заеднички настап, а од 13:45 популарните кај младата популација, Пајак и Лара.

На крајот од хепенингот, Дедо Мраз ќе подели пакетчиња за сите дечиња.

-Кисела Вода повторно ќе биде центарот на Македонија во овие три дена и затоа ве поканувам сите да ја почувствуваме Новогодишната магија, да ја испратиме старата и да си посакаме многу успех, здравје и среќа во новата што доаѓа, велат од општината.

To top