Занимливости ниту тој не сакал да поверува

Имал страшни главоболки, докторите откриле чуден предмет во неговиот череп (ФОТО)

Неименуваниот маж од Виетнам пет месеци страдал од мачни главоболки, па решил да побара лекарска помош кога почнал да го губи видот.

Имал страшни главоболки, докторите откриле чуден предмет во неговиот череп (ФОТО)

Случајот е снимен на 24 ноември во градот Донг Хои, а епилогот е повеќе од бизарен, пренесува Метро.

Откако бил примен во болница, 35-годишникот бил прашан дали има индиции што би можело да ги предизвика проблемите, но тој не дал одговор.

Лекарите нарачале КТ скен, а кога стигнале сликите дошло до шок.

Откриено е дека длабоко во черепот има две скршени стапчиња за јадење, какви што обично добивате во кинеските ресторани!

Пациентот останал збунет, а потоа неговото семејство објаснило дека пред пет месеци бил вмешан во тепачка кога бил повреден.

Тој завршил во болница, но не биле констатирани, ниту пријавени повреди.

Се верува дека за време на тепачката ривалот му ги заглавил стапчињата за јадење во нос и тие се заглавиле подлабоко во черепот.

По консултацијата, лекарите извршиле ендоскопска интервенција и ги отстраниле „туѓите предмети“. Мажот е задржан во болница во стабилна состојба до целосно закрепнување.

Најнови вести од Занимливости

To top