„Tesla“ им плаќа на луѓе да го обучат хуманоидниот робот Оптимус преку снимање на движењата. Но,таа задача може да бара огромна количина на податоци.
„Tesla“ ангажира луѓе да помогнат во обуката на својот хуманоиден робот Оптимус така што ќе се носат одело за „фаќање на движења“ и да имитираат движења кои се очекува роботите да ги изведуваат во иднина.
Позицијата оператор за собирање на податоци, според официјалната страница за кариери на „Tesla“, нуди плата до 48 долари по час (што е околу 43 евра, или од 6.800 до 7.500 евра месечно) Бара одење подолго од седум часа дневно додека носите товар од 13,6 килограми, додека носите VR слушалки во текот на подолг временски период.
Вработените мора да бидат високи меѓу 170 и 180 центиметри – веројатно за да одговараат на проектираната висина на „Оптимус“ од 173 центиметри. Официјалниот профил на Оптимус претходно навел што подразбира таа улога, а според извештајот на „Business Insider“, „Tesla“ мината година вработил повеќе од 50 работници на таа позиција.
Снимање на движења е вообичаена и исплатлива метода за обука на роботи да изведуваат движења слични на луѓето, а „Tesla“ е една од првите компании која го направила тоа на ова ниво. Иако некои он-лајн видеоснимки покажуваат како роботот Оптимус врши различни задачи, Анимеш Гарг, научник од „Nvidia Research“ за „Business Insider“ рекол дека можеби ќе му требаат милиони часови податоци пред да биде подготвенза работа во фабриките на „Tesla“.
„Количината на собрани податоци лесно би можела да изнесува половина милијарда долари, а вистинското прашање е – дури и ако го постигнете тоа – дали ќе успее? Затоа што нема гаранција за успее“, рекол Гарг, пренесува „The Verge“. Ова е типично за хуманоидните роботи и вештачката интелигенција која ги контролира, што бара огромна количина на обука. Во септември 2022-ра година „Tesla“ ја претстави првата генерација на својот робот „Оптимус“, наречен „Bumblebee“.
Потсетуваме, извршниот директор на Тесла Илон Маск изјави дека од следната година ќе се користат хуманоидни роботи во „ниско производство“, за внатрешна употреба во компанијата. „Се надеваме дека ќе имаме роботи во високо производство за други компании до 2026-та година“, рекол Маск. Технолошкиот милијардер претходно најави дека очекува дека роботот Оптимус ќе биде подготвен за употреба во фабриките на „Tesla“ до крајот на оваа година, а би можел да биде подготвен за продажба веќе до крајот на 2025-та.
Додека Маск вети дека вистински корисните роботи ќе бидат во производство веќе следната година, Оптимус во моментов не изгледа многу поблиску до крајот од конкурентните „Boston Dynamics“. „Figure“ и „Apptronics“. Овие компании се обложуваат на роботи за решавање на недостигот на работна сила, но и за вршење на рутински задачи како логистика, складирање и производство.