Компанијата Мета изгледа успеа да најде начин дополнително да го задржи вниманието на корисниците на Facebook и Instagram, а тоа е алгоритам базиран на – вештачка интелигенција.
Откако беше воведен алгоритмот, времето кое корисниците го поминуваат на овие социјални мрежи значително се зголеми, се пофали компанијата на Цукерберг минатата недела. Имено, времето кое корисниците го поминуваат на Фејсбук се зголемило за околу осум отсто, додека тој процент за Инстаграм е помал, но сепак значителен – шест отсто.
Челниците на Мета ги споменаа само процентите, а не и зголемувањето на реалното време што сега корисниците го поминуваат на тие мрежи. Според предвидувањата на експертите од eMarkter, тоа зголемување би можело да изнесува 10 до 15 часа повеќе во текот на една година, пренесува The Independent.
Цукерберг има повеќе планови за својата социјална мрежа и вештачката интелигенција, па минатата недела при објавувањето на кварталните резултати најави дека се надева дека ќе додаде категорија на содржини на Фејсбук и Инстаграм која целосно ќе биде генерирана од вештачката интелигенција.