Љубов и Секс

Тајната на добриот брак со која не се согласуваат сите – Што мислите Вие?

Ова се причините поради кои се повеќе луѓе повремено одат на одмор без партнерот, а уверуваат дека одвоениот одмор е тајната на среќниот брак или барем добра помош за постигнување на таа цел.

Тајната на добриот брак со која не се согласуваат сите – Што мислите Вие?

Одморот со партнерот може да биде вистинско задоволство без сомнение. Сепак, одморот со партнерот често значи низа компромиси. Некој сака височини, а некој се плаши од нив, некој сака италијанска кујна, а некој кинеска, некој сака да лежи, а некој сонува за активен одмор…

Ова се причините поради кои се повеќе луѓе повремено одат на одмор без партнерот, а уверуваат дека одвоениот одмор е тајната на среќниот брак или барем добра помош за постигнување на таа цел.

Имено, одвоениот одмор им е можност да уживаат во сите оние работи кои ги прескокнуваат затоа што не ги сака нивната друга половина. Притоа, другата страна не мора да ги избегнува активностите што му се допаѓаат. И затоа одделните одмори имаат голем број на поддржувачи.

Сепак, не сите се согласуваат дека тајната на среќниот брак е во одвоеното одморање. Противниците на одвоените одмори велат дека тајната на добриот брак е во подготвеноста за повремени компромиси и дека не гледаат проблем во компромисите за време на одморите. За нив тоа што го поминуваат одморот со саканата личност е поважно од било која активност.

Прочитајте ги и петте предности на одвоените одмори, кои ги издвоија среќните парови кои ги практикуваат.

1. Не мора да се согласуваат на компромиси

Обично партнерите во врска или брак ги поврзуваат некои слични интереси, меѓутоа, секој човек има работи во врската што ги привлекува само нив. Одењето на одвоени одмори е можност да уживате во се што не можете да направите со партнерот. Обратно е исто така точно.

2. Оддалечување од меѓусебната зависност

Во врската, луѓето со текот на времето губат дел од својот идентитет. Често се случува независните поединци да станат едно со своите партнери. Иако во одреден момент оваа промена може да изгледа романтична, на долг рок може да стане страшна. Посебен одмор е можност да се одморите од меѓусебната зависност, повторно да се поврзете со себе, да ја прифатите вашата индивидуалност. Сите овие работи ќе имаат позитивно влијание врз вашата врска.

3. Имате можност да поминете квалитетно време со семејството и пријателите

Наместо да одите на одмор со партнерот, вие одите со членовите на семејството и пријателите. Ваквиот одмор ќе биде совршена прилика за, на пример, да го надополните сето она што сте го пропуштиле со пријателите, можете без товар да раскажувате спомени од младоста и да се забавувате како во старите добри времиња.

4. Посебен одмор е можност за ослободување на скриената внатрешна сила

Одењето на соло одмор е можност за зајакнување, за запознавање со делови од себе за кои не сте знаеле дека постојат. Можеби ќе сфатите дека сте многу поотпорни, посилни и похрабри отколку што мислевте затоа што ќе можете да се потпрете само на себе.

5. Време за себе

Толку често се вели дека секој од нас треба да има време за себе. Одењето на одмор без партнер е совршена можност да бидете сами. Тоа ќе биде добар потег за вашето ментално здравје, но и за вашата врска. Краткото растојание е секогаш добра опција. Паровите кои се големи љубители на летувањето одделно нагласуваат дека е добра идеја пред патувањето да се договорат за одредени правила, како на пример колку често ќе комуницирате. Покрај тоа, важно е да поминувате квалитетно време заедно пред патувањето. И секако, одењето на одделни одмори не смее да доведе до тоа да престанете да одите на заеднички одмор. Затоа што среќата во врската или бракот зависи и од квалитетниот заеднички одмор.

To top