Храна и Пијалаци

Шарен гулаш: Домашен ручек кој ќе го обожувате!

Шарен гулаш: Домашен ручек кој ќе го обожувате!

Јадење кое се подготвува брзо и е толку вкусно.

Состојки:

300 гр шампињони
250 гр пилешко бело месо
2 моркови
1 кромид
50 мл супа
50 мл крем за готвење
масло по потреба
1 лажиче ѓумбир во прав
бибер по вкус
сол по вкус

Подготовка:

На врело масло кратко пропржете го ситно исечканиот кромид. Додадете го сечканото бело месо и сечканиот морков, па продолжете со пржење додека месото не порумени.

Истурете црвено вино и супата, па динстајте додека не омекнат месото и морковот. Потоа измешајте го кремот за готвење и варете уште неколку минути. Додадете ѓумбир, сол и бибер, па послужете.

To top