Храна и Пијалаци Чоколадо, месо, сончоглед

ОВИЕ намирници ќе ве направат посреќни – храна која ќе ве ослободи од анксиозноста

Серотонинот е хормон кој се наоѓа во човечкиот мозок, дигестивниот тракт и тромбоцитите на луѓето и животните.

ОВИЕ намирници ќе ве направат посреќни – храна која ќе ве ослободи од анксиозноста

Можеме природно да го зголемиме нивото на серотонин во телото и да внесеме повеќе радост во нашите животи

Серотонинот е хормон кој се наоѓа во човечкиот мозок, дигестивниот тракт и тромбоцитите на луѓето и животните.

Има исклучително значајно влијание врз субјективното чувство на среќа и благосостојбата, може да не ослободи од привремена анксиозност и депресија, бидејќи служи како средство за регулирање на расположението.

Освен тоа, серотонинот влијае на подобар сон, го регулира апетитот, сексуалноста, чувството на болка, па дури и помага во регулирањето на метаболизмот и температурата на телото.

Прекрасно е што можеме природно да го зголемиме нивото на серотонин во телото и да внесеме повеќе радост во нашите животи. Тоа се постигнува со помош на храна која го зголемува производството на серотонин во мозокот.

Потребно е само да се знае што е „храна за среќа“, за во депресивни моменти неконтролирано да не јадеме се што е пред нас, без позитивни резултати.

Најважните намирници кои го зголемуваат серотонинот – храна за среќа:

– Црно чоколадо

– Банани

– Вишни

– Протеин од сурутка

– Јајца

– Хељда

– Целер

– Тиква

– Семки од сончоглед

– Ленено масло

– Морски плодови

– Говедско месо

– Мисиркино месо

 

To top