Заради преспанските глупошти на политикантите Заев и Димитров, сесрдно надградени од престолонаследникот Ковачевски опкружен со СДС и ДУИ бандитите, Македонците за неколку дена ќе имаат ограничено право на движење, основно право загарантирано со Устав. Аирлија, Среќна нова ’91-ва! Ова со голем ќеф го потврди и аздисаната Грција, која и натаму ликува, скока од среќа и дели ум, тотално свесна за џек-потот кој македонските квислинзи и’ го дарија со мега-капитулацијата во Нивици.
Замисли само, Атина да не ти дозволувала пролонгирање на рокот за северната идиотштина во пасошите? Па не се будали, за разлика од малоумните и инфантилни властодршци во Македонија, кои освен своите задници, за пари и моќ во залог ја ставија нашата историја и сите идентитетски одредници на македонскиот народ. Чуму Грчиштана и би дале такво нешто, каков и да попуст, свесни дека најсервилната и најколеничарска влада во светската историја за три месци заминува во историја? Гркот е одличен трговец, знае пустиотдека ваква шанса никогаш нема да му се пружи, па зема се’ што може да се земе. А, за Македонија и Македонците, и онака никогаш и никого не го ни болело…
Со заминувањето на квизлинзите, ќе останат и тажните бугарски ликови со неисполнети Тачеви ветувања, но и редица нус-ефекти и жешки костени со кои ќе треба да се справува новата влада. Те демагошки историски комисии, те искривоколчени документи, барања за Бугари во Устав, балансери, воени профитери, забегани преземени обврски и дузина други гомненици кои ги стокми најлузерската и најнеспособната влада во универзумот, која за да владее беше спремна да ја продаде и сопствената мајка. Ок. Не ја продаде неа, туку татковината…
Сетете се само на „Онкологија“ – им требаа цели 5 месеци за први обвиненија, пола им избегаа, а на другите моќници, министри и директори им „купија“ време за да скријат докази за инволвираност. Знаеме, ќе треба да се смени власта за вистинска одговорност – во тие 30 милиони проневерени евра се 30 милиони изневерени шанси за многу луѓе, душички болни од рак со одземени шанси да оздрават или да го продолжат уште малку животот со своите семејства.
И соочени со се’ позивесен дебакл, што им „светна“ на комуњарите? Да не се фатија за работа? Изнесоа ли нов пристап, разработија план, идеи ли? Јок. Тој филм во Македонија не го гледате. Прво. Сервилните ќелепури се фатија за она што го знаат – за коланичарење и угодување, Та „остроумно“ смислија внос на американските и британските црни листи во македонското законодавство, чинејќи протекторат одамна да е поим за државата која на секое поле ја сроза и девастираше оваа бедна политичка номенклатура на власт…
Второ, наследниците на УДБА и ОЗНА извршија и вршат силен пропагандистички атак врз сетилата на народот и преку своите мегафони почнаа силно ширење на дефетизам, апатија и рамнодушност, несветото тројство на кое се шлепаат со години, та запнаа да ја верглат онаа стара прикаска за судбата клета, па дека со колку и да победи ВМРО нема да може да формира влада, се било бадијала. Во превод – седете си дома, нема поента, не можете ништо да промените, така ни било пишано. Да, оти страв куќа чува, а кај СДССС фотелјата ја чува стравот од масовна излезност на Македонците и казната која следи за стотиците антимакедонски авантури.
И игрите без граници со ДИК се во таа насока – демек главниот орган за фер и демократски избори е неспособен и не е во полна форма, што значи демек нерегуларни избори. Во превод, пак истото- седете си дома и трпете ги, оти ако излезете го јале стапот. За сите пари. Кои ги украдоа… Реалноста е дека системот за отпечатоци е голема болка за СД и ДУИ – нема веќе скаламуции и бугарски возови, се покажа на локалните – ова ја врати довербата во изборниот процес или, барем, ја враќа – голема мака за Ковачевски и Ахмети.
Трето, побараа спас во најголемата до сега антимакедонска коалиција која се крчка. Рамо до рамо Ќурка и седокосиот орел Ахмети. Не бадијала Алија кажа дека Талат е само почеток. И, знаете, повеќе од смешно е кога велат дека оваа коалициска шклопоција во најава била неприродна. Поприродна, здравје. Напротив, спротивностите се привлекуваат, та иако се демек тотално различни – од една страна ултра-националисти и екс терористи, а од друга сервилни котиња, дезертери и неолиберали за кои ништо национално не е свето, во основа, тие се тотално исти. Имаат само различни алатки за арамилак и полнење џебови. Разликата е во пристапот. Едните со етно-национализам, другите со продавање пуфки и лажни, „модерни“ вредности. Совршен спој на апаши, искомбинирани од шовинисти и одроди кои имат сврзно ткиво во крадењето државни пари. Вистински таленти, шампиони за продавање демагогија, популизам и релативизација на се“ што е живо и диво, особено на своите неуспеси и дебакли.
И затоа, секогаш кога мислевте дека дното е допрено, екипата од Бихаќка беше тука за да ве поправи.
Мислевте дека не може полошо од Заев? Го истресоа од ракав Ковачевски алијас Ќуран за да ве уверат во спротивното. Мислевте дека Таче е дното? Не, не било така. Благодарение на пустата желба за власт, крадење и фотелји, го наттурија и Џафери „звани“ Командант Форина. Дечките од СДСССС се секогаш подготвени – во моментот кога ќе помислите „не може да биде полошо и подолу“, експресно да ве демантираат и да ви покажат дека може да биде и полошо и подолу и понелогично и поантимакедонско.
Ајде, ќе издржиме уште три месеци. И да не забораваме. А, ако не не’ биде тогаш, нема да не’ биде никогаш…