Синоќа се случи масовно бегство од СДС Титаник. Итна евакуација со СОС (S.O.S. – save our souls) сигнал пушти раководството од СДС. Пушти, си фати Венков сеир и си замина. И си ги спасија напатени сдсмовски душички (souls), оставајќи го недокваканиот лидер сам на политичката ветрометина. А тој остана гордо да му пркоси на неминовниот процес на пасокизација на се помизерната направија наречена СДС.
Голема жал му падна на народот за Филипче, кој откако изгуби ко Грчка на локални избори, сега остана и без ќефот да си ги разреши сопартијците. А вети, пред цела јавност. Ќе разрешувал, ама остро и без пардон. И го зезнаа, ама јако. И од лузер стана ултра-лузер, шајшутка, ќелеш, грев. Тој најави, а тие си дадоа оставки, му направија едно на-на-на-на и си фатија џенем. Ок, некои и никогаш не беа во СДС за да си заминат од таму. Како Фани Сорос, која кога пред година дена влезе знаеше тројца есдесовци, ко што самата кажа. Излегува знаејќи двајца од СДС, третиот исто си заминал од бродот кој тоне.
Идентично, ко што си заминаа десетици илјади во текот на овие месеци. И ќе си заминуваат. Кој во ЗНАМ, кој во Левица, кој во иностранство. А партијата УПМ. Тренд кој е заслужен, темелен на серија коленичење, на субмисивност и ултра-сервилност на Венко, Таче и нивниот гуру и сива еминенција Заев. И малку да им било, по се’ што и сторија на Македонија и македонскиот народ, ова било само трошка од она што вистински го заслужувале антимакедонските дилајли, дунстери, копуци, арамии, ајвани, суртуци, ќелепури и гилиптари.
Не било убаво да гледаш како раководството потпушува каде ќе стигне, нели? Јок.
Рецептот со Црвени линии по неколку бели линии шмркнати од бирото на Бихаќа не се покажал како добар рецепт. Башка, и Црвените линии исчезнаа, никогаш не стигнаа до собрание. И нив ги исшмркале по грешка. Ако не верувате, видете им ги само црвените ушиња. Или, сепак, тоа да ти било од тегнењето на ушињата од страна на Заев. Им враќал, оти Бојко и Радев го тегнеле него, за неиспорачаното со Бугари во устав. Таксират муртински. А ковчежињата со левови беа испорачани, на време и со сите нишани.
И така, сега Венко, сам, самичок, ко гревче, си го чекал Чом.
Да дојде, и еднаш за секогаш, да го изгаси светлото на Бихаќка.
Аирлија.