Црна Фани тресеше глупости, а Филипче си зеленееше од мака на Бихаќка. Веројатно, ниту неговото ултра-отпорно меше не можело да ги свари глупоштиите на потпретседателката му, која испадна жива утка и голо промашување. Слично на сите политики на СДС, па да не се двои пустата…
Ќе речете – чуму ЦРНА Фани? Епа, Фани Сорос е во превод Фани Црната. И буквално и фигуративно. Сорос или со изговор Шорош на унгарски, од каде влече потекло мизнатропскиот филантроп Џорџ значи ЦРН. Тој е Црниот Ѓорги (посоодветно, здравје), а Фани си е Црна, поради преводот, но и поради сите црнила кои со стопанот и’ ги нанесоа на Македонија. А СДС, тие уште поцрни…
Зевзечката партија до Бихаќка никако не може да се помири што пак ја утна, абе малери невидени. Инфантилни лузери. А, како и не би биле по сите клетви кои на дневна база пристигаат на нивна адреса од гневниот македонски народ кому насила му сменија име на држава, Устав, преамбула, знаме, територијално поделија општини, албанизираа употреба на јазици, погрчија и бугаризираа малцинства во соседството, се обидоа да сменат и историја, да продадат револуционери, цареви и светци, да ни внесат Бугари во устав, што ли не…
Арно ама, кармата не џабе да ти била кучка. И така, кој на друг грб му копа, сам во него си паѓа, вели напатениот народ. И, како и секогаш, е во право.
Така, желни да останат на власт или што побргу да се вратат на и со неа, комуњарите ја поддржаа Камала. За да бељата биде поголема, за да им се упикаат онаму каде што сонцето никогаш не сјае, избраа и потпретседничка од ергелата на Црниот Ѓоргија алијас Џорџ Сорос. Утка до утка, исто како и анкетите на Спасов, катастрофа невидена. И не само што Камалата не им „тепаше“, туку Трамп ја прегази како шлепер жаба. А тоа што следуваше е само увертира за она што ги очекува неолибералните хохштаплери ширум светот. А и Македонија да ти била дел од него, таксират есдеесовски…
И што стори СДС лиузерска, се собраа, та брејн-сторминг, па настапија со идеи, се раздвижија и разработија за да излезат од калта во која сами се заглибија до уши?
Јок, не знаат пустите. Го направија она што најдобро го знаат и умеат, почнаа да лажат и да кукаат, абе да корнат. И Црна Фани излажа дека СДС ајваните го потпишале Договорот за стратешко партнерство со САД. Статива. Па загриженковците за добробитта на Македоцните се фатија за Меџити. Тонч, пак фатени во лага. Уште не верувате? Излегоа со лажна вест за Викторија Трајков, па фатени со рацете во медот, побрзаа да се самодемантираат, демек било грешка. Ако поминеше и не ги фатеа, немаше да биде грешка…
Веројатно, очекуваа ко порано да излезат веднаш амбасадорите и да ги спасат од реалноста. Упс, ги снемало.
Исто како што повеќе немаат пари од УСАИД за да нивните НВО ботови ги бранат и лелекаат за демократијата, човековите права, па правдата, мирот… А ќелепурите невладини без пари не работеле за демократија, то морало солено и јако да се наплати. За греота, нели, да ви падне жал, душички изгубени и за пари зинати, напатени и наапани…
И сега?
Е сега, како во златните времиња на комунизмот, комуњарите ќе си гласаат – или за Филипче или за Венко на следните избори во март. Дилемата е јака, кој знае кој ќе победи, нели? И по Венко, Филипче. Макар на членство помало од становништвото на Џеваир. Или, поверојатно, да не се лажеме, пак ќе ги работи како бавчи оној ајвароносецот и по ново шеик од Дубаи, новокомпониран неимар и овенчан копук кој одамна го надрасна Муртино. Се засити пустиот гуру на Венко од селото од кое излезе, но тоа никако да излезе од него. А од СДС не се заситил, никако, та му треба за заштита, ко кондоми ги користи, превентивно, за црни денови. За оној момент, кој каде и да е ќе дојде, кога ќе го подберат за криминалите, а некој ќе мора да брани, да црека и да урла дека се работи за политички реваншизам. Венко не бадијала е претседател. И тој е бекап за криминалите на совозачот, за неуморно да го брани другарче. Црна Фани е само спотер, за да може секогаш да сметаат на Сорос. Нешто ко џокер во покер, ас во ракавот ли, поверојатно вештерка во плакарот…
Сепак, со ваков залет на Трамп и блискоста на новата македонска влада со американската администрација, не им се пишува убаво, за голем и искрен ќеф на многумина. А што мислеа, дека благодетите од одродништвото и копањето црни гробови за туѓи бели дворови ќе траат вечно?
Одамна пишував за ова, пред многу години. Беше насловено „Кога волците ќе стивнат“. Стивнуваат, пустите.
И сега, шу прајме?
Лесно. Ќе се опраите според онаа старата, добра ука и поука:
-Како да се симнам до дрвово? -Исто како што си се качил…