Македонија важно е ДУИ и СДСМ да бидат тргнати од власта

Ковачки: ДУИ е покровител на целиот криминал во изминатите 20 години, треба да замине во тешка опозиција и секој да сноси одговорност

„ДУИ треба да замине во тешка опозиција и после тоа да бидат изнесени пред лицето на правдата. СДСМ и ДУИ донесоа грда реалност во Македонија. Ние никогаш нема да престанеме да се бориме, ние секогаш ќе се бориме за Македонија. Тоа ВМРО-ДПМНЕ го докажало во изминатиот период, го докажало и низ историјата“, истакна Ковачки.

Ковачки: ДУИ е покровител на целиот криминал во изминатите 20 години, треба да замине во тешка опозиција и секој да сноси одговорност

Во вечерашното издание на дневникот на Сител ТВ во тема на денот гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на пратеници во третата изборна единица Драган Ковачки, кој што истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е фокусирано на рушење на власта на СДСМ и ДУИ кој што е покровител на целиот криминал изминатите 20 години и да замине во тешка опозиција, а потоа и да сносат одговорност.

„Она што сме фокусирани е да ја срушиме оваа власт на ДУИ која што е поддржана од СДСМ. Она што е важно е ДУИ и СДСМ да бидат тргнати од власта, оние што се креатори на лажни вести, оние кои што ја предадоа власта на ДУИ и на Али Ахмети на човекот кој што се претставува како некаков филозоф од Зајас а всушност наликува како блиско источен монарх го видовме тоа, во каква хациенда живее човекот кој што е покровител на целиот криминал во изминативе 20 години и не одговарал за ништо е таквите луѓе се креатори на лажните вести и работат за Али Ахмети“, кажа Ковачки.

Ковачки посочи дека ДУИ треба да замине во тешка oпозиција и потоа секој да сноси одговорност за работите што ги правел.

„ДУИ треба да замине во тешка опозиција и после тоа да бидат изнесени пред лицето на правдата. СДСМ и ДУИ донесоа грда реалност во Македонија. Ние никогаш нема да престанеме да се бориме, ние секогаш ќе се бориме за Македонија. Тоа ВМРО-ДПМНЕ го докажало во изминатиот период, го докажало и низ историјата“, истакна Ковачки.

Најнови вести од Македонија

To top