Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторени кривични дела „тешка кражба“, „разбојништво“, „уцена“, „загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство“ и „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од установата.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа затвор Идризово за доиздржување на две години и шест месеци од казната.