На 11.08.2024 околу 13.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во с.Романовце, кумановско, мотоцикл управуван од малолетник од с.Романовце удрил во пешакот А.А.(56) од истото село.
-Во несреќата пешакот А.А. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Куманово, информира МВР.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.