Свет

Русија: Најмалку 13 лица повредени во градот Курск во напад на украински дрон

Најмалку 13 лица се повредени ноќеска во градот Курск, во Русија, кога остатоци од украинско беспилотно летало што беше погодено од руската противвоздушна одбрана паднаа врз станбена зграда од девет ката, соопштија денеска претставници на руската област Курск, која граничи со Украина.

Вршителот на должноста шеф на таа област Алексеј Смирнов на Телеграм објави дека две повредени лица се во тешка состојба.

Градоначалникот на Курск, Игор Кучак изјави дека е на сила предупредување за воздушна закана за целиот град Курск.

Најнови вести од Свет

To top